Гадафи за малку уапсен во Триполи

Бенгази, 25 август 2011 (МИА) - Либиските бунтовници за малку не успеале да го фатат полковникот Моамер Гадафи кога вчера упаднале во една куќа во Триполи, каде наводно се криел, објави денеска францускиот магазин „Пари мач“.

Весникот се повикува на извори во единицата задолжена за координација на разузнавачките служби на арапските земји и либиските бунтовници. Според весникот, разузнавачките служби веруваат дека Гадафи се наоѓа некаде во главниот град на Либија.

Бунтовниците, вчера околу 10 часот по добиени анонимни информации упаднале во приватна куќа во централниот дел на Триполи, но Гадафи веќе бил заминат.

Сепак, пронајдени се докази дека Гадафи поминал барем една ноќ во куќата.

Истовремено, продолжуваат борбите меѓу бунтовниците и силите лојални на Гадафи во областа на Сирт, родното место на либискиот лидер Моамер Гадафи.

Сирт, кој се наоѓа на 450 километри источно од Триполи, е опколен од две страни од бунтовничките сили.

Портпаролот на бунтовниците Мухамед Завави изрази надеж дека противниците ќе прифатат доброволно да се предадат или повлечат, но силите лојални на Гадафи објавија дека ќе продолжат со борбите до самиот крај.

Градот Сирт се смета за една од можните локации на кои се крие Гадафи.

Во градот со околу 100.000 жители, од кои мнозинството се од неговото племе, со денови нема електрична енергија и телефонски врски, а има и недостиг на вода.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...