Гадафи сигурно се наоѓа во Либија

Триполи, 31 август 2011 (МИА) - Либискиот Преоден национален совет денеска соопшти дека Моамер Гадафи „речиси сигурно“ се наоѓа во Либија и дека бунтовниците имаат право да го убијат доколку не се предаде.

- Ова е информација со која располагам, Гадафи е, тврдам со 80 проценти сигурност во Либија, изјави Омар Харири, кој е задолжен за воени прашања во либискиот бунтовнички Совет.

Според Харири бунтовниците веруваат дека Гадафи се крие или во Бан Валиду, југоисточно до Триполи или во некое предградие на главниот град.

Претходно, еден од истакнатите членови на Преодниот национален совет Али Тархуни соопшти дека бунтовниците знаат каде се крие Гадафи, но не изнесе никакви детали.

Бунтовниците даваат 1,2 милиони евра за главата на Гадафи, жив или мртов, иако соопштија дека ќе му обезбедат фер судење во Либија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...