Постоеле врски меѓу ЦИА и разузнавачките служби на Гадафи

Вашингтон, 3 септември 2011 (МИА) - Постојат информации во владина зграда во Триполи за тесни врски во минатото меѓу ЦИА и разузнавачките служби на режимот на Моамер Гадафи, објави Волстрит џурнал.

Британскиот Индипендент исто така објави информација за врски во минатото меѓу британското и либиското разузнавање.

За време на мандатот на Џорџ Буш, ЦИА предале осомничени терористи на режимот на Гадафи, наведува весникот цитирајќи документи кои се откриени во централата на либиското разузнавање. Во тоа време либиските разузнавачки служби ги раководел Муса Куса - од 1994 до 2009 година, а потоа тој беше министер за надворешни работи.

Куса избега од режимот на Триполи и замина во Лондон на 30 март.

Во 2004 година, ЦИА имала „постојано присуство“ во Либија се вели во документите и тоа, според американски официјален претставник, било поради обидите на Либија да излезе од дипломатска изолација наметната од Запад.

- Во 2004 година, САД успеаја да ја убедат либиската Влада да прекине со програмата за нуклеарно оружје и да помогне во апсење терористи кои се подготвувале за напади врз американски интереси, вели извор кој побарал анонимност. Архивските документи биле откриени од претставници на Хјуман рајтс воч кои дале копии до весникот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...