Пријателе „издржи“...

Каракас, 5 септември 2011 (МИА) - Венецуелскиот претседател Уго Чавес го повика денеска поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи да „издржи“, верувајќи дека тој нема да ја напушти земјата. 

- Никој не знае каде е Гадафи, но сигурен сум дека не размислува за напуштање на Либија, изјави Чавес.

Либиските бунтовници се заканија дека ќе го нападнат Бани Валид, упориштето на силите лојални на Гадафи, каде, како што се верува, се крие барем еден од синовите на поранешниот либиски лидер. Гадафи не е виден откако бунтовниците на 20 август го зазедоа Триполи, иако минатата недела беа емитувани аудио снимки во кои тој ги повика своите приврзаници за герилска војна.

- Тој треба да издржи и се надевам дека таа истрајност ќе му помогне да најде пат кон мирот и да ги победи оние кои сакаат војна, нагласи венецуелскиот претседател.

Тој денеска ги повика новите економски сили на т.н. БРИК (Бразил, Русија, Индија и Кина), левичарските влади во Латинска Америка и африканските држави за ги здружат силите и да ја спречат „варварската“ кампања на НАТО во Либија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...