Чешките разузнавачи помогнале во откривањето на Осама бин Ладен

Разузнавачката служба на чешката Армија, според Годишниот извештај од 2010, помогнала да биде пронајден водачот на терористичката мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен, кој беше убиен во мај годинава во Пакистан.

Во Информацијата стои дека чешките разузнавачи на сојузничките сили им доставиле информација за движењето на познати терористи, јави дописникот на МИА од Прага.

- Военото разузнавање во 2010 година од сопствени извори дојде до информации за движењето и локацијата на познати терористи кои аналитички беа карактеризирани како релевантни. Информациите беа предадени на партнерските разузнавачки служби и можно е во крајниот резултат да придонеле за апсењето на најбараните терористи во светот, се вели во Извештајот.

Осама бин Ладен, познат како водач на милитантното исламистичко движење, Ал Каеда, беше убиен на 2 мај 2011 година во акција на специјални американски командоси во близина на на пакистанската метропола Исламабад.

Се верува дека тој ги смислил, поттикнал и активно учествувал во нападите на 11 септември, 2001 во Њујорк и Вашингтон во кои загинаа најмалку 2.998 лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...