Советот за безбедност на ОН ги олесни санкциите кон Либија

Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа едногласно ја усвои Резолуцијата со која се олеснуваат економските и воените санкции кон Либија и се воспоставува мисија на Светската организација која треба да и помогне на преодната Влада во таа држава.

Резолуцијата е донесена само неколку часа откако Генералното собрание на ОН изгласа Националниот преоден совет на Либија да има право да ја претставува државата во Светската организација, со што и формално е завршено признавањето на владата на Моамер Гадафи.

Советот за безбедност ги одмрзна средствата и укина други мерки воведени против либиската Национална нафтена корпорација и нафтената компанија Зуеитин Оил, а исто така се ублажени и санкциите кон Централната банка и други финансиски институции во Либија.

Советот за безбедност истовремено изрази загрижност поради „ширењето на вооружувањето во Либија и потенцијалното влијание кое тоа може да го има по регионалниот мир и стабилност“.

Со Резолуцијата е дозволено снабдување со оружје и техничка помош на Либиската преодна влада.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...