49 % се изјасниле „за“ полноправно палестинската држава во ОН

Лондон, 19 септември 2011 (МИА) - Приврзаниците за прием на палестинската држава за полноправен член во Обединетите нации се повеќе од противниците - 49 наспроти 21 процент, но приближно една третина (30 отсто) не можат да дадат конечен одговор, покажуваат резултатите на анкетата.

Земјите со најсилна поддршка за признавање на палестинската држава се Египет (90 отсто „за“, а девет „против“) и Кина (56 „за“ наспроти девет проценти „против“).

Најголем број на негативни одговори се забележани меѓу анкетираните во САД (45 отсто „за“ и 36 „против“), во Бразил („за“ 41 процент и 26 „против“) и Индија (32 „за“ и 25 „против“).

Анкетата била спроведена и во трите земји-членки на Европската унија - Франција, Германија и Велика Британија, чии жители дале речиси идентични одговори 54, 53 и 53 отсто од испитаниците се изјасниле „за“ полноправно членство на палестинската држава во ОН наспроти 20, 28 и 26 проценти „против“.

Во Русија 37 отсто од испитаниците истакнале дека го поддржуваат признавање, а 13 дека се „против“.

Но, секој втор испитаник не дал конечен одговор или оценил дека неговата земја треба да биде „воздржана“ за тоа прашање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Како најлесно да убиешној?
-Избламирај го на асфалт.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1762. - Умре Џемс Бредли, англиски астроном. По...
1793. - Во Париз е убиен Жан Пол Мара, познат...
1837.- Кралицата Викторија Прва, како прв...
1930.- Во главниот град на Уругвај почна Првото...