Салех предложи предвремени избори

Сана, 26 септември 2011 (МИА) - Јеменскиот претседател Али Абдула Салех повика на предвремени избори во своето прво обраќање кон нацијата по неговото враќање од лекување во Саудиска Арабија, без да вети итно повлекување од власта, што нема да им се допадне на неговите противници.

- Треба сите да преминеме на дијалогот, разбирањето и мирната смена на власта преку избори, предвремени претседателски избори, рече тој во телевизиското обраќање.

Салех додаде дека ја поддржува иницијативата на земјите од Персискиот залив, која предвидува тој да се откаже од власта во замена за имунитет.

- Меѓутоа, сакам да додадам дека оваа иницијатива за смена на власта ќе се случи со избори и притоа тоа ќе биде на секое ниво - претседателски, парламентарни и локални, се разбира, доколку постигнеме согласност, посочи тој.

Изјавата на Салех може уште повеќе да ја вжешти ситуацијата во земјата, каде во последните шест дена во насилството имаше над 100 нови жртви.

Јеменците стравуваат дека во нивната земја може да дојде до сеопшта граѓанска војна, доколку Салех остане на власт.

Демонстрантите, кои неговиот телевизиски говор го следеа од шаторите на централниот Плоштад на промената во Сана, коментираа дека нема ништо ново во изјавата на Салех.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...