Ќе соработуваме со следниот претседател на Русија

Вашингтон, 27 септември 2011 (МИА) - САД соопштија дека се подготвени да соработуваат со следниот претседател на Русија, кој и да е, откако премиерот Владимир Путин објави дека планира да се врати на местото шеф на државата.

Рускиот претседател Дмитриј Медведев, кој ја наследи функцијата од Путин во 2008 година соопшти дека се согласува по изборот во март следната година да биде на чело на владата.

- Очекуваме соработка со било кој следен претседател на Русија, бидејќи искрено веруваме дека тоа е од меѓусебен интерес на САД, Русија и целиот свет, истакна синоќа портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер.

Тој нагласи дека САД оценуваат дека враќањето на Путин на претседателската функција не може да ја загрози идната соработка меѓу двете држави.

- Ќе продолжиме да работиме на унапредување на односите и мислиме дека досега тоа беше корисно. Очигледно, Путин од својата сегашна позиција беше дел од тие разговори и соработката. Но, повторувам, за тоа треба да одлучи рускиот народ, посочи Тонер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...