Сириските воени сили ги напаѓаат непослушните војници во градот Растан

Дамаск, 1 октомври 2011 (МИА) - Сириските војници, поддржани со тенкови и артилерија го нападнаа денеска градот Растан по четири денови вооружени судири со дезертерите.

- Градот е речиси целосно разурнат во нападот. Досега се убиени десет дезертери, а неколку се ранети, изјави антивладин активист, кој живее во Либан.

Околу 250 тенкови и друга воена машинерија синоќа почнале да влегуваат во Растан, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права.

Според сириските бегалци во Либан, во Растан избегале околу 200 војници и градот се претворил во засолниште на дезертери, кои одбиваат да ги извршуваат наредбите за отварање оган кон антивладините демонстранти, издадени од воени сили лојални на претседател Башар ал Асад.

Градот Растан, кој е во близина на Хомс, има 60 илјади жители.

Телевизијата Ал Џазира јави дека 30 лица загинале, а десетици се ранети вчера во Сирија во судирите меѓу демионстрантите и владините сили.

Насилствата почнале веднаш по петочната молитва и инциденти имало во различни делови на Дамаск, во јужната провинција Дера, во северозападната провинција Идлиб, во централните провинции Хомс и Хама и во некои други градови.

Во обидот на растерување на демонстрантите владините сили користеле огнено оружје, солзавец и палки.

Во судирите во градот Хама се убиени 11 лица, во Хомс седум лица, а во другите сириски региони загинале 12 лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...