Израел е „закана“ за регионот

Анкара, 5 октомври 2011 (МИА) - Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Израел претставува „закана“ за регионот поради тоа што поседува атомска бомба.

Ердоган го истакна ова за време на посетата на Јужноафриканската Република, имајќи ги предвид нуклеарните капацитети на Израел, кој никогаш не ги потврдил или отфрлил дека поседува атомско оружје.

- Израел денес го гледам како закана за регионот, бидејќи располага со атомска бомба, нагласи турскиот премиер.

Тој повторно ја осуди еврејската држава поради израелскиот напад врз турскиот брод „Мави Мармара“ кој пренесуваше хуманитарна помош за Појасот Газа во мај минатата година, при што загинаа девет турски државјани. Нападот предизвика сериозна криза во односите меѓу Анкара и Тел Авив.

Ердоган, чија Партија на правдата и развојот е со исламски корени, го обвини, исто така, Израел за „државен тероризам“ на Блискиот Исток, поточно на палестинските територии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...