Постепено повлекување од Авганистан

Брисел, 7 октомври 2011 (МИА) - НАТО синоќа соопшти дека планира постепено да ги повлекува силите од Авганистан и да ги пренесе обврските за безбедноста на авганистанските власти.

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета истакна дека на министрите од земјите-членки на Алијансата им пренел дека САД планираат намалување на бројот на војниците во Авганистан, но оти нема да се повлечат медицинските екипи, хеликоптерите и другите важни ресурси.

Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Андерс Фог Расмусен истакна оти авганистанските сили покажуваат се поголема подготвеност за преземање на одговорноста за безбедноста и оти целиот процес за пренос на контролата би требало да заврши до крајот на 2014 година.

Расмусен истакна оти на следниот Самит на НАТО во Чикаго ќе бидат донесени одлуките за понатамошните мерки.

- Да нема забуна, транзицијата не значи и заминување. Нема да ја напуштиме земјата кога Авганистанците ќе ја преземат одговорноста. Земјите-членки на НАТО се согласија за трајно партнерство со авганистанскиот народ, посочи Расмусен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...