Гадафи ќе биде погребан на тајна локација во либиската пустина

Мисрата, 25 октомври 2011 (МИА) - Телото на Моамер Гадафи денеска ќе биде погребано со скромна церемонија на тајно место во либиската пустиня, соопшти синоќа претставник на Преодниот национален совет, цитиран од агенциите.

-Тој ќе биде погребан утре (вторник) со скромна церемонија, во присуство на исламски духовници. Тоа ќе се случи на тајна локација во пустината, рече претставникот на ПНС.

Тој додаде дека погребот ќе биде извршен, бидејќи телото веќе се распаѓа.

-Не е постигнат договор неговото племе да ги земе посмртните останки, додаде претставникот на ПНС.

На прашањето дали синот на Гадафи, Мутасим, ќе биде погребан на истата церемонија, тој потврдно одговори.

Синоќа телата на Моамер Гадафи, на неговиот син Мутасим и на поранешниот командант на вооружените сили, биле изнесени од ладилникот во Мисрата и пренесени на непознатото место, соопштија британските медиуми.

Либиски извор во Мисрата потврди дека телата се изнесени, но одби да открие какви и да било детали за тоа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Женска логика

Патувам со градски.
Преполн е и баш не ми се турка до апаратот за да ја поништам картата.
Ќе ја замолам жената пред мене да ја поништи.
Како да и се обратам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...