Нуклеарна бомба благодарение на странци

Вашингтон, 7 ноември 2011 (МИА) - Разузнавачките податоци, доставени до Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), покажуваат дека Иран веќе ги минал важните етапи, неопходни за создавање на нуклеарно оружје, пишува весникот „Вашингтон пост“.

Иран, се чини, ја добил решавачката техничка помош од странски експерти, пишува весникот, повикувајќи се на дипломати и нуклеарни експерти, запознаени со содржината на извештајот на МААЕ, што неделава треба да биде објавен.

Во извештајот, најдетален досега за ова прашање, се содржат нови подробности за улогата што ја одигра нуклеарниот научник од поранешниот Советски сојуз Вјачеслав Даниленко. Во него се тврди дека тој ги обучувал Иранците како се создава прецизен детонатор и како се употребува за предизвикување нуклеарна верижна реакција.

Истата техничка помош ја дале и експерти од Северна Кореја и Пакистан.

Извештајот на МААЕ потврдува дека биле основани сомневањата дека Иран и по 2003 година продолжил да се занимава со истражувања, поврзани со нуклеарното оружје, кога се сметаше дека ја запре својата тајна програма, сообразувајќи се со меѓународниот притисок.

Новите откритија покажуваат дека тајната иранска нуклеарна програма била поамбициозна, подобро организирана и поуспешна од тоа што се претпоставуваше, пишува „Вашингтон пост“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...