Нема докази за постоење на вонземјани

Вашингтон, 8 ноември 2011 (МИА) - Белата куќа синоќа официјално соопшти дека не поседува докази за постоење на вонземјани.

Ваквото невообичаено и изненадувачко соопштение на Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама претставува одговор на два петиции доставени до Белата куќа.

Со првата петиција, која собра 5.000 потписи, се бара Белата куќа да ги обелодени сите информации што ги поседува за постоење на вонземјани, а со втората, потпишана од 12.000 граѓани, се бара американската Администрација да признае дека вонземјани имале контакти со лица од Земјата.

Во петициите се тврди дека стотина американски воени лица и претставници на владини агенции изјавувале дека постојат вонземјани, дека било контактирано со нив и дека Администрацијата официјално ги крие тие информации од јавноста.

Во одговорот на овие две петиции, потпишан од претставникот на Одделот за научни и технолошки политики на Белата куќа, Фил Ларсон, се наведува дека американската Администрација не располага со докази дека постои живот надвор од Земјата или дека вонземјани контактирале со луѓе од Планетата.

- Нема никакви информации дека од јавноста биле криени докази за нешто такво, наведува Ларсон.

Тој сепак целосна не ја исклучува можноста за постоење на вонземјани и признава дека НАСА истражува неколку хипотези на таа тема.

Ларсон посочува дека голем број научници и математичари сметаат оти „чисто статистички постои голема веројатност за постоење живот на некоја од билионите и билиони ѕвезди во Вселената“, но и дека шансите за воспоставување контакт со вонземјани се сосема мали поради огромната оддалеченост на овие соѕвездија од Земјата.

Белата куќа неодамна лансираше нова веб-страница наречена „Ние, народот“ преку која граѓаните може да поставуваат прашања и барања во форма на петиции и доколку тие бидат потпишани од најмалку 5.000 лица во рок од 30 дена, Администрацијата е должна да даде писмен одговор. По првичниот наплив на петиции, прагот за задолжителен одговор е подигнат на најмалку 25.000 потписи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...