Зинтан, 20 ноември 2011 (МИА) - Синот на Гадафи, Сеиф ал Ислам, ќе биде чуван во западниот либиски планински град Зинтан, се додека не се воспостави правосуден систем за да му се суди во земјата, изјави денеска командантот на локалниот воен совет во Зинтан.
Полковник Мохамед ал Кабаш рече дека борците кои го заробија синот на Моамер Гадафи соопштиле дека ќе го чуваат во Зинтан до воспоставувањето правосуден систем, бидејќи сакаат да му се суди во земјата.
Борците од Зинтан наведоа дека во пустина на југот на Либија запреле помал конвод во кој се наоѓал Саиф и го уапсиле без судири.