ЕУ ги осуди насилствата во Египет

Каиро, 21 ноември 2011 (МИА) - Европската унија го осуди вчерашното насилство во Египет, каде безбедносните сили убија најмалку 11 демонстранти на централниот плоштад „Тахрир“ во Каиро. 

- Многу сум загрижена поради немирите и жестоките судири во Египет, посебно на плоштадот Тахрир овој викенд, истакна во своето соопштение високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.

Таа изрази жалење поради жртвите и повика на мир и воздржаност, најостро осудувајќи го насилството.

Полицијата вчера, втор ден од насилствата во египетската престолнина, се обиде со палки и солзавец да ги растера илјадниците демонстранти кои бараат итен премин на власта на цивилните органи и повлекување на привременото воено раководство на земјата.

Според медицински извори, најмалку четири лица загинале од куршуми, а останатите се задушиле од солзавецот.

На новите овластувања за Воениот совет се спротивставуваат и исламистичките и либералните групи во Египет, иако меѓусебно се натпреваруваат, пред одржувањето на парламентарните избори во земјата на 28 ноември, откако во февруари беше соборен од власт долгогодишниот претседател Хосни Мубарак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...