Група во САД го гледала Гадафи како голема шанса за заработка

За една колоритна група Американци - меѓу кои има експерт за тероризам од Вашингтон, потоа поранешен пензиониран службеник на ЦИА, еден републикански оперативец, и еден адвокат од Канзас сити - либискиот гамбит кој се случи минатиот март им изгледал како ретка бизнис шанса. Дури и додека НАТО ја бомбадираше Либија, Американците му понудиле на Гадафи да стане нивен клиент - и лефтерно му побарале хонорар за консултации. Нивната цена била 10 милиони долари однапред, пред да почнат преговори со претставници на Гадафи.

„Хонорарите и исплатите наведени погоре во овој договор се МИНИМУМ НЕПОВРАТЕН ХОНОРАР“, стои во предлог договорот, со нагласени големи букви. „Хонорарите се наменети за АДВОКАТИ И СОВЕТНИЦИ за да го прифатат случајот и за ништо друго“.

65-годишниот Нил Ливингстон, специјалист за тероризам и консултант, рече дека тој помогнал да се состави договорот откако слушнал дека едниот од синовите на Гадафи, Саиф ал Ислам Гадафи, бил заинтересиран за стратегија за излез за семејството. Но тој и неговите партнери немале да работат бесплатно, рече Ливингстон. „Ние не сме добротворна организација“, рече тој.

Ливингстон е телевизиски коментатор и познат автор кој годинава се пресели дома во Монтана во обид да се кандидира за гувернер на државата, рече дека одамна е гласен критичар на Гадафи, и дека накратко бил затворен од неговата влада при посетата во Либија во 70-ите. Целта на овој консултантски договор, ни потенцираше тој, беше не да се спаси Гадафи, туку да се спречи крвопролевање во Либија со отворање брз излез за владетелот и неговото семејство.

„Идејата беше да му се пронајде засолниште од арапско говорно подрачје и да им се дозволи да си задржат дел од парите, за возврат на добиеното бегство“, рече тој. Консултантите му ветиле дека ќе му помогнат да се ослободат милијардите во заробените либиски сметки, со убедување на владата на САД и во координација со резолуциите на ОН.

Но Американците не ја добиле дозволата од Одделот на трезорот (Народната банка на САД) која им била потребна за да ја добијат исплатата од Либија, која тогаш беше предмет на санкции. Гадафи беше протеран од Триполи во август од бунтовничките сили подржани со воздушните напади на НАТО, и беше заробен и убиен на 20 октомври.

Сега доверливите документи во кои се опишува предложениот договор се појавија на интернет и нудат поглед врз некои лукративни варијанти во борбата за власт, со кои ќе се завршеше владеењето на Гадафи. Страната на Фејсбук наречена Викиликс Либија, ги објави документите кои наводно се пронајдени во канцелариите на либиската влада откако падна владата на Гадафи.

Документите предизвикаа шок кај америкакците: посебно едно писмо на три страни адресирано до Гадафи на 17 април, од извесен партнер во предложениот договор, од белгијанецот со име Дирк Боргерс. Повеќе отколку само совети како да се тргне од власта, Борегрс му понудил на либискиот диктатор и услуги за лобирање од она што тој го нарекува „Американска акциона група“, за да се изиграат бунтовниците и да се добие поддршка од САД.

Тој не спомнува ништо дека бунтовничкиот Национален транзициски совет ја презема контролата врз либиските сметки во странство, и прикачил формулар на кој стои дека бунтовниците си ангажирале свои лобисти, Боргерс вели дека е време Гадафи да го возврати ударот заедно со неговите претставници во Вашингтон.

Но Ливингстон вели дека никогаш претходно не го видел ова писмо, пред неделава тоа да биде објавено, и дека тоа ги менува неговите намери. „Тоа воопшто не ги отсликува нашите намери“, рече Ливингстон. „Сета наша цел беше да го извадиме Гадафи од таму, што е можно побрзо“.

Друг член на предложениот тим, Марти Мартин, поранешен службеник на ЦИА кој во агенцијата го водел одделот за ал Каеда од 2002 до 2004, исто така рече дека неделава бил запрепастен од писмото на Боргерс. „Немавме намера да му бидеме лобисти на Гадафи“, рече Мартин, кој се пензионирал од ЦИА во 2007. „Никој не ми кажал ништо за тоа писмо“.

Другите американски партнери биле Нил Алперт, кој работел за произралеската лобистичка група Американско израелски комитет за јавни работи, и во Републиканскиот национален комитет, и Рендел Вуд, адвокат од Канзас сити кој бил претставник на либиските власти и оганизиации уште од 80-ите. (Ниту Алперт ниту пак Вуд одговорија на нашето барање за коментар).

Боргерс го најдовме во неговиот дом во Белгија, ги негираше поплаките на неговите партнери околу писмото до Гадафи - иако рече дека „можеби не го споделил“ неговиот текст со нив.

„Да не се расправаме околу семантиката“, рече тој. Тој бил во Триполи во тоа време, ни рече, и го гледал како хаосот и насилството ескалирале, и си мислел дека Гадафи треба да остане на власт барем додека не се одржат изборите.

(Њујорк тајмс, Њујорк)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...