Нудел милион евра за да пребегне

Лондон, 22 ноември 2011 (МИА) - Саиф ал Ислам, син на соборениот и ликвидиран либиски лидер Моамер Гадафи, му нудел милион евра на еден племенски водач, за да му помогне да пребега во соседен Нигер, тврди денеска весникот „Дејли телеграф“.

Според овој лондонски весник, Јусеф Салех ал-Хатмани кој во реонот на градот Зинтан на крајниот југ од Либија работел и како водич низ пустината, вели дека Ал Ислам му понудил пари за да него и уште четворица придружници, ги префрли преку границата, јави дописникот на МИА од Лондон.

Овој човек уште тврди дека синот на Гадафи зборувал како оттаму ќе ја продолжел борбата против нивната власт.

Ал Хатмани, меѓутоа, наместо кон границата, се упатил кон првата пустинска дина, каде чекале сокриени борци од една бунтовничка бригада. Патувајќи ноќе низ пустината, водичот ги довел Ал Ислам и придружниците, право до вооружената единица на бунтовниците, која без никаков отпор и без борба ги заробиле бегалците.

Синот на Гадафи е заробен во саботата по полноќ, од 14 борци на т.н. Зинтан бригада.

- Само Алах помогна да го совладаме и да го освоиме нашиот непријател, изјавил за „Дејли телеграф“ Хатмани, објаснувајќи дека „никакви милиони не може да купат ниту една капка од маченичката крв на Либијците“.

Саиф ал Ислам, дипломец на угледната Лондонска школа за економија (ЛСЕ) од порано предупредуваше дека „исламистите ќе ја преземат Либија“ под своја контрола.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...