Саиф ал Ислам мора на операција

Триполи, 25 ноемрви 2011 (МИА) - Синот на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, Саиф ал Ислам, мора да биде опериран заради гангрена што му ја зафати дланката, на местата каде му се откинати палецот и показалецот, изјави денеска лекарот кој го прегледал. 

Саиф (39) се здоби со повреда на прстите на десната рака во текот на НАТО бомбардирањата од пред неколку недели. 

-Оваа рана не е најдобра и неопходна е ампутација, изјави Андреј Мураковски, докторот кој работи во Зинтан.  

Мураковски, кој е роден во Украина, пред три дена го прегледа Саиф и тогаш изјави дека доколку тој не биде опериран може сериозно да се разболе. 

-Неговиот показалец е откинат, коските се згмечени.....Исто е и со палецот, изјави Мураковски.

Хируршката интервенција, што е неопходна, е едноставна и може да се изведе и во Зинтан под локална анестезија, наведе Мураковски. 

Борците од Зинтан, кои го држат Саиф во заробеништво, не сакаат да го префрлат во болница, стравувајќи дека некој може да го убие. 

-Можев тоа да го направам пред три дена. Не е ургентно, состојбата е таква веќе цел месец. Но, ќе биде добро доколку набрзо биде опериран, истакна лекарот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...