Демонстрации за „последна шанса“

Каиро, 25 ноември 2011 (МИА) - Илјадници Египќани се собраа изутринава на плоштадот „Тахрир“ во Каиро на демонстрации насловени како „Последна шанса“ за соборување на воената власт.

Улиците до Министерството за внатрешни работи, во близина на плоштадот, кои изминатите денови беа арена на судири, остануваат блокирани.

Освен итното повлекување на армијата од власт, демонстрантите, кои го окупираат „Тахрир“ веќе осми ден, бараат и судска истрага за одговорните за смртта на 41 лице, од кои 36 во Каиро, кои загинаа за време на судирите меѓу безбедносните сили и демонстрантите.

„Петок на последната шанса...стабилност или хаос“, е наслов на првата страница на владиниот весник „Ал Ахрам“, три дена пред одржувањето на првите парламентарни избори во земјата, организирани по соборувањето на Хосни Мубарак на 11 февруари.

Врховниот воен совет ја отфрли вчера можноста за итно повлекување од власта и соопшти дека ќе ги продолжи консултациите за назначување на нов премиер на местото на Есам Шараф. Според приватните египетски телевизии армијата побарала формирање на нова влада на поранешниот премиер Камал Ганзури.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...