Убиен ирански научник

Техеран, 11 јануари 2012 (МИА) - Две лица, од кои едниот ирански универзитетски професор беа убиени денеска во бомбашки напад во Техеран.

Напаѓач со мотоцикл поставил магнетна бомба на возилото на 32-годишниот хемичар Мустафа Ахмади Рошан. Во нападот биле ранети две лица.

Според иранската агенција Фарс, Рошан бил заменик-директор на трговскиот оддел во институтот за збогатување ураниум во Натанз.

Автомобилот на научникот

За време на експлозијата во автомобилот „пежо“ 405, освен професорот имало и уште две лица. Според Фарс, експлозијата била „терористички напад“ врз Рошан.

Очевидци, изјавија дека виделе две лица на мотоцикл, кои ја поставувале бомбата на возилото. Според нив, освен Рошан во експлозијата загинал и пешак.

Висок службеник во Техеран го обвини Израел за нападот, кој наликува на претходни напади врз ирански нуклеарни експерти.

- Бомбата е била магнетна, иста како оние кои беа користени врз претходни убиства на научници. Тоа е дело на ционистите, рече Сафар Али Братлу од градската управа на Техеран.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...