Салех се повлекува по претседателските избори

Сана, 21 февруари 2012 (МИА) - Во Јемен денеска ќе бидат одржани претседателски избори за кои се верува дека ќе означат почеток на демократизацијата на земјата, но и ќе стават крај на 33-годишното владеење на претседателот Али Абдула Салех.

Иако единствен кандидат на изборите ќе биде заменикот на Салех, Абд-Рабу Мансур Хади, сепак постои убеденост дека изборите ќе го отворат патот за неопходните политички и економски реформи, но и реформи во безбедносните сили кои моментално ги управуваат роднини на јеменскиот претседател.

Салех, кој од јануари минатата година правеше обиди за смирување на протестите на кои се бараше негово заминување, во ноември потпиша договор за постепено отстапување од своите овластувања што беше и резултат на меѓународниот притисок да се повлече.

Врз јеменскиот претседател во јуни минатата година беше извршен обид за атентат во кој Салех доби тешки изгореници поради кои минатата година замина на лекување во САД.

При заминувањето во САД тој се извини на својот народ за „сите недостатоци“ за време на неговото долгогодишно владеење и порача дека ќе се врати во земјата.

Јеменскиот претседател официјално ќе се повлече од власт во текот на оваа недела, но не се очекува никаква церемонија за време на настанот.

Се очекува и новиот јеменски претседател, како и Салех кој важи за сојузник на САД во борбата против Ал Каеда во Јемен, да продолжи со уништувањето на екстремистите кои веќе долго време извршуваат напади во земјата и се закануваат да ја вовлечат таа сиромашна земја во граѓанска војна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...