Во Сирија убиени двајца странски новинари

Дамаск/Лондон, 22 февруари 2012 (МИА) - Двајца западни новинари загинаа, а тројца се повредени денеска при бомбардирање во Хомс, центарот на 11-месечните антивладини протести во Сирија, јавија опозициски активисти.

Според активистите, станува збор за Американката Мери Колвин, која работела за британскиот „Сандеј Тајмс“ и францускиот фоторепортер Реми Ошлик. Двајцата биле искусни известувачи од воени подрачја.

Убиените Реми Ошлик и Мери Колвин

Новинарите биле жртви на ракетен напад  врз прес-центар, основан од активистите кои се борат против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад во областа Баба Амр.

Сириските сили лојални на режимот ја држат оваа област под опсада од 4 февруари.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, претставник на Меѓународната организација на новинарите во изјава за Би-Би-Си го осуди убиството на Колвин и Ошлик.

Колвин е долгогодишен известувач од разни кризни жаришта во светот и ветеран како странски дописник за редакцијата на овој угледен британски неделен весник.

Таа вчера телефонски се јави од Хомс за телевизиските вести на Би-Би-Си објаснувајќи ја тешката ситуација во градот, кој е, како што објасни Колвин, постојано по „тежок артилериски оган“ на Армијата на Сирија.

Според Колвин, околу 20.000 луѓе се изложени на постојано бомбардирање, како и дека секој ден има жртви меѓу цивилите во реонот на Баба Амр, дел од Хомс каде е главнината на сириските бунтовници кои настојуваат да го соборат од власт претседателот Башир Ал Асад.

Во своето последно јавување за Би-Би-Си, новинарката на „Сандеј тајмс“ ја спореди ситуацијата во Хомс со онаа во Сребреница во Босна и Херцеговина од пред безмалку 17 години и побара од Меѓународната заедница да преземе нешто за да се спречи „насилството на режимот“ врз цивилното население.

Францускиот телевизиски репортер Жил Жакје загина во Хомс минатиот месец во експлозија на бомба во близина на група новинари, кои ги следел протестите во овој град, за време на посетата на претставници од медиумите организирана од сириските власти.

Според проценките на ОН, во Сирија од почетокот на протестите против Асад во март минатата година, па досега, загинале најмалку 5.400 лица, во најголем дел цивили.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...