Ми остануваат уште пет години во Белата куќа

Вашингтон, 23 февруари 2012 (МИА) - Претседателот Барак Обама изјави дека му остануваат уште пет години во Белата куќа, но не прецизира дека тоа ќе се случи само доколку биде реизбран на функцијата, на изборите во ноември, пренесоа агенциите.

Обама ова го изјави во интервју за американско радио на шпански јазик.

Водителот му постави прашање на Обама зошто не го исполнил ветувањето од предизборната кампања во 2008 година дека ќе ја истурка реформата на имиграциските закони. Обама одговори дека неговото претседателствување се уште не е завршено.

-Имам уште пет години. Ќе стигнеме и до тоа, рече тој.

Реформата на имиграциските закони, предложена од Обама, беше отфрлена во Сенатот во 2010 година.

Победата на Обама во 2008 година беше препишана на мобилизацијата на малцинствата во негова корист. Две третини од избирачите, кои го говорат шпанскиот јазик-заедницата која расте најбрзо во САД, гласаа за него, забележуваат француските медиуми.

Обама истакна дека се обидел да го исполни своето ветување.

-Но на крајот ние живееме во демократија. Не живееме во монархија. Не сум цар, туку претседател. И можам единствено да ги применувам законите, донесени од Конгресот, рече претседателот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...