Ќе се одмаздиме за масакрот

Кабул, 12 март 2012 (МИА) - Талибанците денеска ветија дека ќе им се одмаздат на „умноболните американски дивјаци“ за масакрот за време на викендов, кога американски војник уби 16 цивили, меѓу кои и девет деца во јужен Авганистан.

Авганистанските талибански бунтовници најавија дека ќе му се „одмаздат на окупаторот и на дивјачките убијци за секој маченик“, објавено е на нивната Интернет страница.

Реакцијата на талибанците следеше, откако Амбасадата на САД во Кабул ги повика граѓаните да „преземат дополнителни мерки на претпазливост поради ризикот од антиамерикански чувства и протести следните денови, особено во источните и јужните провинции“.

Абдул Рахум Ајуби, пратеник во авганистанскиот Парламент од провинцијата Кандахар, каде се случил масакрот изрази денеска сомневање дека „само еден американски војник може да го покрие теренот на површина од два километри и истовремено да ги запали телата на убиените“.

Американскиот војник, кој наводно доживеа нервен слом, ја напуштил воената база околу три часот по полноќ во провинцијата Кандахар и влегол во три околни куќи во селото Алкозај и пукал кон луѓето, на кои наишол. При тоа убил девет деца и три жени од вкупно 16 жртви, по што запалил некои од телата.

- Еден човек не може да убие толку луѓе. Мора повеќе лица да биле вклучени, тврдат локалните жители, кои сведочат дека пукотници се слушале од повеќе страни.

И авганистанскиот претседател не ја исклучи можноста дека во масакрот биле вклучени повеќе од еден американски војник.

Според изјавата на еден 15 годишен тинејџер, кој го преживеал инцидентот и бил погоден во ногата,  „војниците провалиле во неговата куќа, будејќи ги членовите на неговото семејство и почнале да пукаат кон нив“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...