Кабул, 15 март 2012 (МИА) - Над илјада луѓе излегоа денеска на протести во градот Калат, административниот центар на провинцијата Забул во јужниот дел на Авганистан, поради убиството на 16 цивили од американски војник.

Протестите биле предизвикани од соопштението дека убиецот бил префрлен во воен затвор во Кувајт. Демонстрантите бараат тој да биде суден во Авганистан и да добие најтешка казна.
Огорченост од одлуката на американските воени власти да го изнесат убиецот од Авганистан под образложение дека тој ќе биде чуван во истражна изолација во Кувајт до крајот на истрагата, е предизвикана и меѓу авганистанските пратеници.
До Владата е упатен повик за замрзнување на преговорите за идно американско воено присуство во Авганистан додека убиецот не биде вратен од Кувајт и исправен пред авганистанскиот суд.