
Кабул, 15 март 2012 (МИА) - Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска побара од американскиот секретар за одбрана Леон Панета сите странски војски под команда на НАТО да се повлечат од авганистанските села, откако пред пет дена американски војник уби 16 цивили во Кандахар.
- Подготвени сме целосно да ја преземеме одговорноста за безбедност во земјата. Двете земји треба да работаат на завршување на процесот за предавање на ангажманот на безбедноста од меѓународните на авганистанските сили во 2013, а не во 2014 година, истакна Карзаи.
Панета наведе дека авганистанската Влада сака да ја преземе грижата за безбедноста во земјата наместо меѓународните сили што се под команда на НАТО уште во 2013 година, а не во 2014 година, како што досега се предвидуваше.
Во Авганистан распоредени се приближно 130.000 војници на ИСАФ, од кои 90.000 се американски војници.