Нови 34 жртви во насилствата во Сирија

Бејрут, 3 април 2012 (МИА) - Најмалку 34 лица, меѓу кои 16 цивили, загинаа во Сирија, откако армијата ги засили операциите против неколку упоришта на протестите и се судри со дезертирани војници во близина на турската граница, соопштија сириски активисти за човекови права.

Раководителот на Сирискиот центар за правата на човекот Рами Абдел Рахман ја обвини армијата за користење на тактиката „опожарени куќи“.

Постојат информации за случаи на палење на куќи на бунтовници и дезертирани војници во Дераа, Хомс, провинциите Идлиб и Хама, изјави Рахман, истакнувајќи дека оваа тактика се користи секојдневно повеќе од три месеци.

- Војската врши кражби и грабежи. Тоа е еден вид колективна казна, што може да се приклучи кон извршените злосторства против човештвото, нагласи Рахман.

Вчера во Сирија се убиени и девет дезертирани војници и девет војници од провладините сили.

Претседателот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) Јакоб Келенберг синоќа пристигна во Дамаск на дводневна посета, во рамките на која ќе се сретне со неколку министри, со цел да разговара за хуманитарната помош и примирјето, соопшти организацијата.

Средбите на Келенберг започнуваат денес со разговори со сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем, министерот за внратрешни работи Мохамед Ибрахим аш Шаар и претседателот на сириската Црвена полумесечина Абдел Рахман Атар, изјави портпаролот на МКЦК во Дамаск, Салех Дабакех.

Келенберг се очекува утре да го посети градот Дераа, каде може да биде поделена и хуманитарна помош, истакна портпаролот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...