Дамаск, 5 април 2012 (МИА) - Сириските сили го нападнаа градот Дума близу Дамаск и убија двајца мажи во главниот град, соопшти Сирискиот центар за човекови права.
Во два напада во северната провинција Алепо и јужната Дераа се убиени петмина војници. Од понеделникот досега во Сирија се убиени 170 луѓе. Оттогаш и ОН објави дека Дамаск ветил прифаќање на планот на Кофи Анан за запирање на насилството и повлекување на војниците од населените места.
САД вчера изразија жалење што воените дејствија во Сирија се уште траат и стануваат поинтензивни наместо да се примени планот за повлекување на армијата од населените места.