Сирија почна да ја повлекува војската од градовите

Москва, 10 април 2012 (МИА) - Сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем денеска во Москва изјави дека сириските власти веќе почнаа со повлекување на одделни сили од сириските градови, согласно планот на пратеникот на ОН и Арапската лига Кофи Анан.

Муалем, по разговорот со рускиот колега Сергеј Лавров, истакна дека планот за прекин на огнот мора истовремено да биде следен со распоредување на припадници на меѓународната набљудувачка мисија.

-Веќе ги повлековме силите и воените единици од неколку сириски провинции, рече Муалем.

Лавров изјави дека официјален Дамаск може поактивно да го спроведува мировниот план на Анан за решавање на ситуацијата во земјата.

-Проценуваме дека сириските активности во спроведување на релевантните одредби од планот можат да бидат поактивни и поодлучни, рече Лавров.

Опозицијата во Сирија која вооружено му се спротивставува на претседателот Башар ал Асад тврди дека од планот на Анан ништо нема да биде, бидејќи владините сили не сакаат да го почитуваат договорот.

Турција соопшти дека не планира да презема никакви еднострани дејствија во однос на Сирија, соопшти Лавров.

Тој забележа дека ја слушнал изјавата од Анкара, според која „мировниот план на посредникот Анан јавно пропадна и турската страна ќе почека неколку дена, па сама ќе преземе одлуки“.

Во врска со тоа, Лавров телефонски разговарал со својот турски колега Ахмет Давутоглу.

-Давутоглу ме увери дека Турција не планира никакви еднострани дејствија, изјави Лавров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...