Дамаск, 19 април 2012 (МИА) - Пратеникот на Обединетите нации и на Арапската лига Кофи Анан истакна дека сириската Влада и ОН се договориле за основните точки од договорот за распоредување на набљудувачи Светската организација.
Портпаролот на Анан, Ахмад Фавзи истакна дека договорот се однесува на начинот на кој екипа од 30 набљудувачи ќе набљудува и ќе го поддржуваа запирањето на вооруженото насилство од сите страни, како и дека ќе работи на исполнување на мировниот план во шест точки на Анан.
Тој истакна дека постигнатиот договор се однесува на функциите на набљудувачите и задачите и одговорностите на сириската Влада.
Анан во моментот води разговори со опозициските лидери за постигнување на договор за задачите и одговорностите на вооружените опозициски групи.