Сирија и ОН потпишаа протокол за набљудувачката мисија

Њујорк, 20 април 2012 (МИА) - Во Дамаск е потпишан прелиминарен протокол за надлежностите на набљудувачите на ОН, пренесоа американските медиуми.

Според документот, што најверојатно бил потпишан во средата попладнето или вчера претпладне, меѓународните набљудувачи ќе имаат право да патуваат насекаде низ земјата - пешки или со автомобили, да снимаат и да користат технички средства за набљудување на почитувањето на примирјето.

И натаму траат разговорите за користењето хеликоптери и авиони.

На набљудувачите треба да им се обезбеди безпоговорен пристап до објекти, лица и групи, кои претставуваат интерес за мисијата. Освен тоа, мисијата на ОН ќе има право да создава привремени набљудувачки позиции во населените места, ќе има полна слобода да го контролира движењето на воените конвои, што ќе се движат кон населените региони, ќе има и пристап до центрите за приведување и медицинските центри, а овој пристап треба да биде координиран со Меѓународниот Црвен крст и со Црвената полумесечина.

Сириската армија го зачува правото да ги обезбедува стратегиските објекти, како што се аеродроми, пристаништа, автопатишта и рафинерии.

Што се однесува до опозицијата, вооружените групи на противниците на режимот се задолжуваат на набљудувачите на ОН и на персоналот на хуманитарните организации да им обезбедат пристап до сите региони под нивна контрола. Освен тоа, опозицијата се задолжува „да ги запре сите акти на агресија кон сириските воени формации, бази, конвои и инфраструктура, како и кон владините структури, згради и инфраструктура, против објекти приватни или општествена сопственост. Освен тоа, опозицијата се задолжува да ја прекине секоја незаконска, според сириските закони, активност, а тука се мисли на атентати, грабнувања и вандализам, како и да ја врати насилно украдената приватна или државна сопственост на законските сопственици.

Протоколот предвидува вооружените групи на опозицијата да не создаваат контролни пунктови, да патролираат и извршуваат активности што се надлежност на полицијата, да се воздржат од демонстрација на оружена сила.

При констатирано прекршување на протоколите, набљудувачите имаат право да ги истражуваат околностите и присно да ја информираат земјата какви корективни мерки треба да се преземат.

Документот од седум страници ги содржи и барањата на сирискиот режим и опозицијата во врска со планот на специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига Кофи Анан за надминување на кризата во Сирија.

Во моментов во Сирија има седум набљудувачи на ОН.

Во Дамаск потпишаниот протокол предвидува бројноста на подготвителната група постепено да се зголемува до 30 лица. Според протоколот, тоа значи „повлекување на армијата на најмалку два-три километра надвор од периметарот на населените места“. Тоа не важи, меѓутоа, за касарните, кои се во градовите и кои се постојано место на дислокација на армиските единици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...