Нема да дозволам конфликт меѓу Сирија и Турција

Анкара, 3 јули 2012 (МИА) - Сирискиот претседател Башар Асад во интервју за турскиот весник „Џумхуриет“ изјави дека сакал сириските сили да не го собореа турскиот ловец минатиот месец, како и дека нема да дозволи напнатоста меѓу двете земји да се претвори во отворен конфликт.

Асад посочи дека турскиот ловец Ф-4 бил соборен во сирискиот воздушен простор од ракетна батерија.

Не знаевме чиј е авионот пред да биде соборен. Ловецот користеше коридор, што три пати досега беше користен од израелски авиони. Нашите војници го соборија, бидејќи нашите радари не го распознаа и немавме информација за него. Дознавме дека ловецот и припаѓа на Турција дури откако беше соборен. Постојано си велам „да не го соборевме“, изјави Асад за весникот „Џумхуриет“.

На прашањето дали сериозната напрегнатост што од пред извесно време се појави меѓу Турција и Сирија може да се претвори во војна, Асад посочи дека нема да дозволи напрегнатоста меѓу двете земји да се претвори во отворен конфликт.

-Во регионот преживеавме период што ќе ја промени визијата на целата карта на светот. Наликува на распадот на Османлиската империја од пред сто години. Знаеме што се случи по тој период во односите меѓу Арапите и Турците. При првата посета на Сирија на почитуваниот претседател на Турција Ахмет Неџет Сезер имавме за цел да ги заборавиме неразбирањата меѓу нас. Извлековме поука од периодот во кој меѓу двете земји царуваше неразбирањето. А сега сакате да се вратиме во тој период?, изјави Асад.

Во изминатите 15 месеци се обидовме да направиме многу нешта во Сирија. Прво беше да го надминеме внатрешниот проблем и да се бориме против терористите. Второто нешто, што го имавме за цел, беше да ги зачуваме подобрените односи со Турција. Колку жално е што во овој период турската влада успеа да го разурне сето она што го постигнавме досега. Според мене, меѓутоа, основата на турско-сириските односи се темели на односите меѓу двата народа, посочи Асад.

Така што нема да дозволиме во односите меѓу двете земји да се дојде до конфликт, бидејќи тоа ќе им наштети и на Сирија, и на Турција. Сметаме дека кон оваа тенденција има наклонетост единствено турската влада, а турскиот народ во никој случај не сака војна, посочи сирискиот претседател.

Асад, исто така, кажа дека Сирија ќе сакаше да и се извини на Турција, доколку ловецот Ф-4 беше соборен во меѓународниот воздушен простор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...