Масакр на премиерата на Batman: Најмалку 12 мртви меѓу кои и деца, 50-тина повредени

Напаѓачот бил маскиран како главниот негативец од филмот, Бејн. Полицијата го фатила веднаш по извршувањето на масакрот

Последни информации:

-Полицијата проценува дека 10 луѓе умреле на местото на настанот, додека 4-ца починале во околните болници

-Напаѓачот за кој се верува дека е во своите рани дваесетти влегол во киното облечен во црно, маскиран со гас маска и отворил  оган

-Пукал со автоматска пушка, два пиштола и фрлил гасна бомба

-Мажот кој е уапсен со две оружја во близна на еден  паркинг во околината и рекол на полицијата дека чува експлозив во својот дом

-ФБИ соработува со локалната полиција и за сега нема поврзаност на случајот со терористички напад

-Според американските медиуми најмладата ранета жртва е бебе на возраст од 3 месеци

Најмалку 12 луѓе се мртви, меѓу кои има и деца, додека 50 се повредени во масакрот што настана на премиерата на Dark Knight, во Денвер, Колорадо.

Напаѓачот веднаш е уапсен од полицијата, но сè уште не е познато дали само го организирал нападот или пак има повеќе вмешани.

Ранетите веднаш се префрлени во најблиската болница, додека полициски тимови се распространети низ киното во кое се вршела проекцијата за да бидат сигурни дека никаде не е поставена бомба.



Портпаролот на полицијата Кесиди Карлсон изјави дека на теренот сè уште владее хаос и во моментот не можат да објават повеќе информации. Според полицијата, напаѓачот иако со гас маска на лицето без проблеми влегол во кино-салата, бидеќи дел од гледачите на премиерата дошле во костими карактеристични за филмовите со Бетмен.

За да следите што се случува во живо стиснете го копчето за play.



CNN пренесува дека маскираниот напаѓач смирено се качувал по скалите и пукал во случајно избрани луѓе.  Според информациите добиени од сведоците на настанот се верува дека  напаѓачот користел нешто слично на солзавец или гасна бомба. Се верува дека меѓу сериозно повредените има и деца. За сега бројот на поведени се искачи на 50. Загинатите и ранетите настрадале од куршумите од огнено оружје и од металните делови на гасната бомба, која ја фрлил напаѓачот. Според медиумите, меѓу повредените има и деца, иако филмот не се препопрачувал за помлади од 13 години.

Голем број од ранетите до болниците се пренесени со приватни автомобили.

Во реакција на нападот американскиот претседател Барак Обама изјави дека е „тажен и шокиран од ужасната трагедија“ во Денвер.

- (Мојата сопруга) Мишел и јас сме шокирани и тажни, изјави Обама, најавувајќи дека неговата администрација ќе направи се што е потребо за да им помогне на повредените и на семејствата на загинатите.

Луѓето кои биле присутни во киното за време на проекцијата отпрвин мислеле дека станува збор за некакви филмски ефекти. Некои од нив дури на самиот крај сфатиле што всушност се случува.

Аурора се наоќа на 32 километрим од местото Колумбајн, каде двајца средношколци во 1999 година со истрели од огнено оружје убија 13, а ранија 24 лица, по што извршија самоубиство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...