Сириските бунтовници убија 40 полицајци

Алепо, 31 јули 2012 (МИА) - Сириските бунтовници нападнаа денеска две полициски станици во Алепо и убија најмалку 40 полицајци во текот на судирот кој траел повеќе часа, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

- Стотици бунтовници ги нападнаа полициските станици во квартовите Салхин и Баб ал-Најраб, при што се убиени најмалку 40 полицајци во повеќечасовните судири, изјави директорот на оваа невладина организација со седиште во Лондон, Рами Абдел Рахман.

Активисти на оваа опсерваторија соопштија денеска дека вооружените борби во Алепо, кој е втор сириски град по големина и економски столб на земјата со три милиони жители, се водат веќе 11 ден по ред, што трае подолго од борбите кои се водат во Дамаск.

Сириската војска го гранатираше денеска упориштето на бунтовниците Сакур во североисточниот дел на Алепо, а судири избија и во другите квартови на градот.

ОН проценуваат дека 200.000 граѓани го напуштиле Алепо поради жестоките борби, а градот е целосно разурнат од бомбардирањата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...