Се влошува ситуацијата во Алепо

Дамаск, 7 август 2012 (МИА) - Хуманитарната ситуација во сирискиот град Алепо, каде продолжуваат борбите меѓу припадниците на армијата и на опозицијата, се влошува, изјави синоќа сенегалскиот генерал Бабакар Гаје, шеф на набљудувачката мисија на Обединетите нации во Сирија.

- Исклучително сум вознемирен од насилството во Сирија, најмногу се влошува ситуацијата во Алепо, истакна Бабакар.

Тој апелираше до завојуваните страни да го поштедат цивилното население и да го почитуваат меѓународното хуманитарно право.

- Цивилите не треба да бидат цел на бомбардирање, против нив не треба да биде користено тешко оружје, наведе генералот.

Хуманитарните организации предупредуваат дека изминативе денови во Алепо се зголемува потребата од вода за пиење, гориво и електрична енергија.

Според податоци на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Сириската арапска Црвена полумесечина поради борбите Алепо го напуштиле повеќе од 200.000 луѓе.

Дваесетина набљудувачите од Мисијата на ОН во Сирија, кои беа распоредени во Алепо, за време на викендот се повлекоа од градот поради борбите.

Портпаролот на ОН Жозефина Гереро наведе дека повлекувањето на набљудувачите е привремено.

Алепо беше една од четирите бази од каде дејствуваа набљудувачите на ОН покрај Деир аз Зур, Хомс и Дамаск.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...