Убиен американскиот амбасадор во Либија

и тројца службеници на конзултот на САД во Бенгази

Бенгази, 12 септември 2012 (МИА) - Амбасадорот на САД во Либија Кристофер Стивен и тројца американски службеници се убиени во нападот врз конзулатот во источниот либиски град Бенгази, соопшти либискиот заменик министер за внатрешни работи Ванис ал Шареф.

-Амбасадорот и тројца службеници се убиени, рече Ал Шареф.

Смртта на Стивенс беше потврдена со твит на либискиот вицепремиер Мустафа Абу Шагур.

Амбасадорот и тројцата службеници се убиени во ракетен напад врз автомобилот на амбасадорот, изведен во текот на ноќта, соопшти либиски претставник од Бенгази.

Службеник на амбасадата на САД во Триполи одби да даде информација за настанот.

-Немаме информација за тоа.

Тој додаде дека амбасадата ја потврдува само смртта на еден човек.

Протестот бил предизвикан од американски филм, доживеан како богохулење против пророкот Мухамед.

Амбасадорот и тројцата службеници на конзулатот загинале во ракетниот напад врз неговиот автомобил.

Службеникот во Бенгази додаде дека американски воен авион бил испратен да ги пренесе телата во Триполи, од каде ќе бидат транспортирани во САД.

Вооружени лица синоќа го нападнаа конзулатот во Бенгази и отворија оган врз либиските сили за безбедност, кои биле присилени да се повлечат.

Околу зградата горат неколку помали пожари, посочуваат агенциите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...