И Обама со компромитирачко видео

Вашингтон 3 октомври (МИА) - Продолжува објавувањето на компромитирачки видео снимки во годинешниве претседателски избори во САД. Овојпат целта е претседателот Барак Обама. На објавената снимка, направена за време на негов митинг во 2007 година, Обама со силен афроамерикански акцент и зборува за населбите на Афроамериканците како “нашите маала”, јави дописникот на МИА од САД.

- Не треба да градиме повеќе автопатишта во предградијата. Треба да инвестираме во бизнисите на малцинствата, во нашите маала, вели Обама, правејќи разлика меѓу предградијата на американските градови каде живеат главно белите граѓани, и централните делови населени со малцинствата.

Обама во 40 минутната снимка, ја обвинува администрацијата на претходниот претседател Џорџ В. Буш не сакала да им помогне по ураганот Катрина поради расна омраза. Обама обвинува дека на Буш “не му е гајле за луѓето од Њу Орлеанс” бидејќи таму живеат главно Афроамериканците и дека властите не дале доволно финансиска помош за градот кој беше поплавен од ураганот Катрина, додека дале повеќе пари по терористичките напади врз Њујорк и ураганот Ендрју.

- Што се случува во Њу Орлеанс? Каде се вашите пари? Нешто ми вели дека не им е гајле за луѓето во Њу Орлеанс, вели Обама.

Во други делови на снимката, Обама зборува за гневот на Афроамериканците и за насилните протести на расна основа во Лос Анџелес во 1992 година. Снимката била направена за време на предизборен митинг на Обама во градот Хемптон во Вирџинија во пресрет на кампањата во 2007 година.

Во публиката имало главно Афроамерикански свештеници, верници и студенти, а меѓу нив бил и контроверзниот Џеремаја Врајт од Чикаго, долгогодишниот свештеник на Обама. Обама мораше да се откаже од пријателството со свештеникот Врајт и јавно да го осуди, откако за време на кампањата беа објавени снимки од неговите богослужби, на кои Врајт ја проколнува Америка и поттикнува омраза кон белците во САД. На снимката, направена пред Обама да се дистанцира од контроверзниот свештеник, тој го поздравува Врајт како негов пријател и верски водач.

Влијателната телевизија Фокс, блиска до Републиканската партија, ја објави снимката точно во пресрет на денешната дебата, на која за првпат треба да се соочат Обама и републиканскиот кандидат Мит Ромни. Настапот на Обама бил објавен уште во 2007 година, но според Фокс, медиумите не известувале за спорните изјави на Обама и ова е првпат јавноста да ја види целосната снимка.

Во транскриптот од обраќањето, објавен од кампањата на Обама, биле избришани најконтроверзните изјави на актуелниот претседател. Ова е најновата во низата контроверзни снимки објавени во текот на кампањата.

Во претходниот видео-скандал, во тајна снимка објавена на интернет страницата на левичарското списание Мајка Џонс можеше да се види Мит Ромни како вели дека 47 проценти од Американците кои не плаќаат данок на доход и добиваат државна помош, сигурно ќе гласаат за Обама.

На еден месец од изборите, анкетите покажуваат дека се намалува предноста која Обама ја разви по конвенцијата на неговата партија во Шарлот. Неколку анкети вчера покажаа дека Ромни му се приближува на Обама на само неколку проценти разлика на национално ниво, но новите анкети во важните одделни сојузни држави како Невада и Вирџинија покажуваат дека Обама ја задржува својата предност.

Се очекува решавачки за изборите да бидат дебатите на кандидатите - Ромни и Обама ќе имаат три дебати, додека потпретседателските кандидат Пол Рајан и Џозеф Бајден ќе се соочат еднаш.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...