Заврши последната дебата на Обама и Ромни

Вашингтон, 23 октомври (МИА) - Во американските претседателски избори, третата дебата меѓу кандидатите Барак Обама и Мит Ромни помина без јасен победник. Ромни го обвини Обама дека дозволил хаос да завладее на Блискиот Исток и ги напушта сојузниците на САД како Израел, додека Обама, кој беше поборбен во текот на дебатата, обвинуваше дека Ромни честопати ги менува своите ставови и ги прифаќа позициите на Обама, jави дописникот на МИА од Вашингтон.

- Погледнете што се случува во светот. Иран е четири години поблиску до нуклеарна бомба. На Блискиот Исток расте бран на насилство, хаос и безредија. Џихадистите продолжуваат да се шират. Во Сирија 30.000 цивили се мртви, а Асад уште е на власт. Нашиот трговски дефицит со Кина е поголем, расте од годна во година. Северна Кореја извезува нуклеарна технологија. Русија веќе не сака да го почитува договорот за неширење на нуклеарно оружје. Нашето влијание се намалува, делумно поради тоа што нашиот претседател не успеа да се справи со економските предизвици дома, изјави републиканскиот кандидат Ромни, кој го обвини Обама дека својот мандат го почнал со меѓународна турнеја во која се извинувал за американската политика за диктатите во минатото.

- Претседателе, Америка не им диктирала на другите држави, Америка ослободувала држави од диктатори, заклучи Ромни.

Претседателот Обама обвини дека Ромни има застарена политика, пред се поради неговиот став дека Русија е главен непријател на САД.

- Гувернеру Ромни, драго ми е што ја препознавате Ал каеда како закана, бидејќи пред неколку месеци, кога ве прашаа, рековте дека најголемата геополитичка закана за Америка е Русија, не Ал каеда. Ви се јавија од 80-те години и бараат да ја вратите својата надворешна политика таму, бидејќи Студената војна заврши уште пред 20 години. Гувернеру, вие сакате во надворешната политика да ги внесете политиките од 1980 година, во социјалната политика сте во 1950ите, а во економската политика сте во 1920ите. Велите дека не сакате да го повторите тоа што се случи во Ирак, но потоа рековте дека сакате да имавме повеќе војници во Ирак. Рековте дека не треба да имаме рок за повлекување од Авганистан, потоа рековте дека треба да имаме. Испраќање збунувачки пораки до нашите војници и до нашите сојузници, одговори Обама, кој го обвини Ромни дека ќе води политики слични на претседателот Џорџ Буш и неговиот потпретседател Дик Чејни.

Дебатата, која се одржа во универзитетот Лин во градот Бока Ратон во Флорида под модераторство на новинарот Боб Шифер, беше посветена на надворешната политика, одбраната и улогата на САД во светот, но двајцата кандидати постојано ја насочуваа темата на разговори кон економијата и образованието.

Ромни, кој доживува подобрување на резултатите и ја избриша предноста на Обама по првата дебата на почетокот на октомври, одбиваше да влезе во пожесток дуел со претседателот, иако се очекуваше да нападне на некои од темите, пред се нападот во Бенгази и обидите на претседателот Обама нападот да го прикаже како спонтан протест. Обама и Ромни се согласија дека не смее да се дозволи Иран да развие нуклеарно оружје, како и дека ликвидациите на терористички водачи со беспилотни летала треба да продолжат, иако Ромни му порача на претседателот, „честитам што го отстрани Осама бин Ладен и што го напаѓаш раководството на Ал каеда, но не можеме со убивање да излеземе од оваа мешаница“ и се заложи за поцелосна стратегија за исламскиот свет.

Обама го обвини Ромни за изјавата дека „не вреди да се прекопаат небото и земјата за да се најде Бин Ладен“ и притоа додаде дека и други луѓе се сомневале во неговата одлука да се нареди нападот на Бин Ладен, меѓу нив и потпретседателот Џо Бајден.

Двајцата кандидати се судрија околу подготвеноста на САД да водат војна. Ромни обвини дека американската воена морнарица има под 300 бродови, најмал број од 1917 година. Обама одговори со најмногу цитираниот коментар на дебатата: „Велите дека имаме помалку бродови отколку што имавме во 1917 година. Гувернеру, имаме и помалку коњи и бајонети, затоа што природата на нашата армија се смени. Денес имаме едни работи кои се викаат носачи и авиони кои слетуваат на нив, имаме и бродови кои одат под вода, нуклеарни подморници“, рече Обама.

Ромни најави дека, како успешен бизнисмен, ќе ја закрпи огромната дупка во американскиот буџет, и ќе инвестира во одржување и засилување на армијата. Тој на двапати го обвини претседателот Обама дека со рекордниот долг од 16 трилиони долари ја води Америка „на патот кон Грција“, велејќи дека презадолженоста на Америка и економското опаѓање го намалува угледот на земјата во светот. Двајцата кандидати заклучија со повик до гласачите да им ја дадат довербата на изборите кои се закажани на 6 ноември.

Повеќе анкети покажаа дека граѓаните се поделени по прашањето кој бил подобар во дебатата, со мала предност за Обама во анкетата на Си-ен-ен. Анкетите за популарност на кандидатите покажуваат изедначена трка или мала предност на Ромни на национално ниво, додека според резултатите по државите, Обама се уште има предност. Главната борба се води околу сојузната држава Охајо, која е клучна за двете страни, и во која Обама одржува мала предност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...