Сенди е божја казна за САД

Каиро, 2 ноември 2012 (МИА) - Откако смртоносната супербура Сенди го погоди источниот брег на САД некои антиамерикански настроени муслимански свештеници изјавија дека тоа е божја казна за американскиот антимуслимански филм, кој го исмева пророк Мухамед.

Сепак, изјавите на радикални свештеници предизвика остри реакции меѓу другите муслимани, кои истакнаа дека е грев да се радува на туѓите страдања.

Во Египет еден радикален свештеник бурата ја означи како божја одмазда за направениот во САД антиисламски филм „Невиноста на муслиманите“, кој во септември предизвика бран протести во муслиманските земји. 

- Некои луѓе прашуваат за бурата во Америка и причините за неа. Тоа е божја одмазда поради навредата на пророкот, објави египетскиот радикален свештеник Вагди Гонеим  на „Твитер“.

Некои од посетителите ја одобрија изјавата, а некои остро ја критикуваа. „Господи, растреси им ја земјата под нозете“, се вели во еден од коментарите, додека друг одговори: „Имаме браќа и сестри во Америка, не им посакувај никакво зло“.

Во Саудиска Арабија влијателниот проповедник Салман ал Авда изјави дека бурата во која загинаа над 160 лица, од кои 98 во САД и Канада, претставува повик за Американците да го прифатат Исламот.

Влијателните ирански духовни лица често избегнуваат да ги објаснуваат природните катастрофи како божја казна, бидејќи нивната земја беше погодена од неколку силни земјотреси.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...