Зимско невреме ги парализираше САД

Раната зимска бура го погоди североистокот на САД, носејќи снег, дожд и силен ветер. Овој најнаселен американски регион повторно, по бурата Сенди, остана без електрична енергија.

Патиштата се заледени, а сообраќајот отежнат, па луѓето имаат проблеми да стигнат на работа. Раната зимска бура донесе дополнителни проблеми оти целиот регион се’ уште закрепнува од последиците од супер бурата Сенди, што го погоди источниот брег на САД на 29 октомври и донесе рекордни поплави.

Повеќе од 60,000 куќи и деловни згради на просторот од двете Каролини до Њујорк останале без електрична енергија и на тој начин им се придружија на повеќе од 640,000 потрошувачи кои останаа во мрак кога САД ја погоди една од најголемите и најскапите бури во историјата, наведува “Ројтерс“.

Ниските температури претставуваат нов проблем за жителите кои останаа без струја. Во Њујорк биле поделени греалки и ќебиња на луѓето што останале без греење или струја, а биле отворени прифатилишта за оние на кои им било потребно место за спиење.

Зимската бура во САД донесе ветер со брзина до 97 километри на час и до 13 сантиметри снег, а во северните преградија двојно повеќе.

Бројот на загинати во Сенди во САД и Канада достигна 121 откако властите во Њујорк вчера објавија уште еден смртен случај поврзан со бурата во Рокавеј.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...