Ќе живеам и ќе умрам само во Сирија

Дамаск, 8 ноември 2012 (МИА) - Сирискиот претседател Башар ал Асад порача дека нема намера да ја напушти Сирија, по шпекулациите дека би можел да добие азил на Запад во замена за повлекување од власта, пренесува Б92.

Во интервју за ТВ „Раша тудеј“, Асад изјави дека „ќе живее и ќе умре само во својата земја“ и предупреди на „непроценливата цена доколку светот се одлучи за воена интервенција“.

Британскиот премиер Дејвид Камерон во вторникот изјави дека претседателот на Сирија може да добие сигурен излез од земјата и имунитет доколку ги прекине судирите во земјата.

-Секако, јас сум за тоа тој да се соочи со меѓународниот закон и правда заради тоа што го стори. Јас сигурно нема да му понудам да дојде во Велика Британија, но ако сака да си замине од Сирија, може да си замине, тоа ќе може да се среди, рече Камерон за саудиската ТВ „Ал Арабија“ со седиште во Абу Даби.

Асад изјави и дека се сомнева дека Запад ќе се одлучи за воена интервенција за да ги спречи судирите во Сирија.

-Мислам дека тие одат во тој правец, но ако тргнат, никој не може да каже што ќе се случи. Верувам дека цената за нападот може да биде многу поголема од тоа што светот може да ја поднесе. Нападот би имал домино ефект, додаде Асад.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...