Изборите во САД беа слободни и фер

Вашингтон 9 ноември 2012 (МИА) - Малата мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), која ги набљудуваше изборите во САД, оцени дека тие биле слободни и фер, со забелешка за големото количество на пари кои биле потрошени во текот на кампањата, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

На вчерашното претставување на извештајот на мисијата во Вашингтон, руските дипломати и претставници во ОБСЕ повеќепати обвинуваа дека изборите поминале со многу нерегуларности.

- Мене ми беше дозволено да набљудувам и да посетам само потемкинови гласачки места. На нашите тимови им беше дозволено да посетат само многу мал, ограничен број на држави и на гласачки места, изјави претставник на Руската амбасада, кој рече дека го набљудувал гласањето во Флорида.

- Една од разликите меѓу оваа земја и Русија е во тоа што ние имаме слободи и плурални медиуми кои известуваат за секој аспект на изборите. Ние не апсиме новинари, не затвораме опозициски медиуми, не ги дисквалификуваме политичките противници и секој може да се натпреварува, му возврати Спенсер Оливер од САД, генерален секретар на Парламентарното собрание на ОБСЕ.

Жоао Соарез, шеф на набљудувачката мисија, како главна забелешка го истакна начинот на финансирање на изборите, и проценетите шест милијарди долари кои се слеаа во претседателската трка.

- Изборите беа уште еден пример на посветеноста на САД на демократијата. Сепак, приватното финансирање на кампањата беше без преседан и честопати имаше негативно влијание врз фер пристапот до процесот, изјави Соарез.

Претставниците на ОБСЕ дискутираа и за заканите на властите на Тексас дека нивните набљудувачи ќе бидат уапсени доколку се обидат да дојдат на гласачките места без претходно добиена дозвола, закани кои ОБСЕ ги оцени како несериозни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...