Дали Палестина ќе добие статус нечленка

Рамала, 29 ноември 2012 (МИА) - Во Генералното собрание на Обединетите нации денеска официјално ќе биде поднесено барањето на Палестинската автономна власт за подигање на нејзиниот статус до држава набљудувач нечленка на ОН.

Се очекува палестинскиот претседател Махмуд Абас да се обрати во 20 часот по Гринич, а гласањето ќе биде пред полноќ.

Барањето на Палестинците се содржи во нацрт резолуција, што треба да биде поддржана од просто мнозинство за да биде прифатена.

Во нацрт резолуцијата, освен барање за статус на земја нечлен на ОН Палестинците изразуваат надеж, дека Советот за безбедност на меѓународната организација ќе ја разгледа и ќе се произнесе за поддршка на кандидатурата за полноправна земја членка. Оваа апликација е поднесена уште во септември минатата година од палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Нацрт резолуцијата повикува и за обновување на преговорите за мирно решавање на конфликтот меѓу Израел и Палестинците и за создавање на палестинска држава, која ќе живее во мир и безбедност со Израел и која ќе биде во границите од пред војната во 1967 година.

Статусот на земја набљудувач нечленка ќе им овозможи на Палестинците да се приклучат на голем број организации или меѓународни договори, како што е Меѓународниот кривичен суд или Четвртата Женевска конвенција за заштита на цивилите.

САД и Израел објавија дека не го поддржуваат палестинското барање. Европските држави се поделени. Франција, Шпанија, Норвешка, Данска и Швајцарија ставија до знаење дека ќе го поддржат барањето за унапредување на статусот на Палестина во ОН. Цврсто „за“ се Кина, Индија, Австрија, Ирска, Исланд и Грција, а најверојатно и Русија.

„Против“ ќе гласа Канада, а веројатно и Холандија. Германија ќе гласа или „не“ или „воздржана“. Велика Британија, можеби ќе биде воздржана. Според австралиската премиерка Џулија Гилард, позицијата на Австралија е „воздржана“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...