Обама положи заклетва

за вториот претседателски мандат на јавната церемонија во Вашингтон

Вашингтон, 21 јануари 2013 (МИА) - Американскиот претседател Барак Обама положи заклетва за вториот мандат како шеф на државата на јавната церемонија пред Капитол Хил во Вашингтон.

Обама официјално положи заклетва вчера во Белата куќа, но повторно го стори тоа на денешната јавна церемонија, предводена од претседателот на Врховниот суд Џон Робертс, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Уставот предвидува заклетвите да бидат дадени на 20 јануари, но традицијата налага, во случаите кога овој ден се паѓа во недела, свечената инаугурација да се одржи уште еднаш, на следниот ден.

Робертс го замоли Обама да ја стави раката на Библијата и да ги повтори по него зборовите запишани во членот два од Уставот.

- Јас Барак Хусеин Обама се колнам јавно дека чесно ќе ја извршувам мојата должност како претседател на САД и со сите мои сили ќе го чувам, бранам и заштитувам Уставот на САД. Нека Бог ми помага, изјави Обама.

Овој пат Обама положи заклетва врз две библии. На едната Библија се заколнал Абрахам Линколн во 1861 година, а другата му припаѓала на борецот за човекови права, Афроамериканецот Мартин Лутер Кинг, во чија чест САД денеска одбележуваат празник.

Во 18-минутниот говор пред илјадниците учесници на јавната инаугурација 44-от американски претседател ги изнесе приоритетите на неговиот втор мандат.

- Свесни сме дека кога се менуваат времињата, треба да се менуваме и ние, дека нашата посветеност на основните принципи бара на новите предизвици да одговориме со нови начини, рече Обама.

Тој повика за нови идеи и техники за реформирање на владеењето, на даночните правила, за образовни реформи и за поголем пристап на граѓаните до знаењето и умешностите, кои се неоходни за поефикасно работење, како и за поголеми спознанија и достигнувања.

- Ќе треба да донесеме тешки решенија за ограничување на федералниот дефицит и трошоците за здравството, земјата ќе работи и за справувањето со заканите од климатските промени, со тоа што ќе продолжи да се движи по патот на стабилна енергетика, рече претседателот.

Обама истакна дека ќе ги штити американските вредности во светот преку „силата на оружјето и владеењето на правото“. Во обраќањето тој нагласи дека САД треба да покажат храброст да ги решат несогласувањата со други држави по мирен пат и да ги зачуваат сојузите кои веќе ги имаат воспоставено.

- Ќе ја поддржиме демократијата од Азија до Африка, од Северна и Латинска Америка до Блискиот Исток, бидејќи нашите интереси и нашата совест бараат од нас да дејствуваме од името на оние, кои се жедни за слобода, изјави американскиот претседател.

Тој го осуди начинот на јавната дискусија во САД, во која има лични навреди и повеќепати во неговите најави за трансформација  на општеството зборуваше за менување на системот, во кој богатите управуваат со земјата.

Претседателот на САД  повика за поголема насоченот кон просперитетот на средната класа, отколку кон  малубројната елита и ги повика политичарите да ги надминат несогласувањата и да се насочат кон решавање на економските проблеми. Обама вети дека ќе се изгради општество во кое „и најсиромашните деца и најсиромашните семејства ќе имаат можност да успеат“.

По прашањето на долгот и дефицитот кој ја дефинираа политичката борба меѓу Обама и републиканците претседателот кусо кажа дека дефицитот мора да се намали, но воедно силно ги бранеше социјалните програми како извор на сила и како гарант на силата и сигурноста во американското општество.

На самиот крај на своето обраќање претседателот најави неколку прашања по коишто во идниот период „ќе се кршат копјата“. На прво место ги посочи хомосексуалните бракови за кои кажа дека неговата работа нема да биде завршена се додека и хомосексуалците не бидат еднакви пред законот.

Обама најави реформи во гласачкиот систем со полесен пристап до правото на глас и реформи во емиграциската политика согласно неговите барања да се легализира статусот на илегалните доселеници кој долго престојувале во САД и се образувале таму.

Обама го спомна и масакрот во Њутаун велејќи дека негова задача ќе биде безбедноста на сите деца во Америка.

Цитирајќи ја декларацијата за независност 44. претседател изјави „Патот нема да заврши се додека не бидат решени овие прашања“.

Студениот јануарски ден не ги обесхрабри стотиците илјади Американци од сите делови на земјата да се соберат пред Конгресот, како и по Авенијата Пенсилванија, по која се движеше инаугурациската парада.

Инаугурацијата помина без поголеми инциденти со исклучок на еден демонстрант кој се искачи на дрво во кругот на Конгресот и оттаму крена транспарент против абортусот. Настанот мина под силно полициско обезбедување и добра организација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...