Ова се најголемите скандали со храна што го потресоа светот

Европа овие денови ја тресат големи афери поврзани со храната. Опасните продукти може да се сретнат зад секој агол, но тоа е така веќе со години наназад.

Коњско месо

Голема афера го зафати поголемиот дел на Европа поради коњско месо што било пронајдено во различни производи, од хамбургери до замрзнати лазањи. Имало и неколку полициски апсења, некои се колнат во невиност, а поголемиот дел од јавноста останува со размислувањата за квалитет или подобро кажано неквалитетот на храната што ја јадат.

Опасно млеко

Во последните неколку години во Кина има голем проблем со млекото. Скандалот беше откриен во 2008 година кога најмалку шест деца починаа по конзумирање на млеко што содржи меламин. Станува збор за индустриска хемикалија која предизвикува проблеми со бубрезите. Јавноста се’ уште е згрозена од нетранспарентното однесување на кинеските власти кои им одат од рака на млекарите.

Но, ситуацијата не е сјајна и на овие простори. Последните денови сме сведоци на афера со токсини во млекото. Станува збор за зголемена концентрација на афлатоксин М1 кој е пронајден во неколку различни видови на млеко на балканските пазари. Она што најмногу ја згрозило јавноста е непостоењето на доволно квалитетна контрола на продукти кои се продаваат.

Кравјо лудило

Не така одамна во Велика Британија, но и други земји биле зафатени од кравјо лудило предизвикувајќи најмалку 80 смртни случаи, а месната индустрија паднала на колена. Ситуацијата во последните години се намалила, но проблемите до самиот крај не биле решени.

Розова слуз

Ниту Соединетите Американски Држави не се лишени од аферите поврзани со храна. Тамошната афера се нарекува “розова слуз“. Се’ започнало кога познатиот готвач Џејми Оливер ја запознал јавноста со овој термин. Станува збор за адитиви што се темелат на индустриска обработка на говедското месо, а кои инаку служат како дел од храна за кучиња. Се состои од фино мелени тетиви, масти и врзувачки ткива, но има и други додатоци, како што е амонијакот, што се опасни за човечкото здравје. Водечките синџири на ресторани за брза храна и супермаркети го отфрлиле овој производи, но не во целост, бидејќи се’ уште може да се пронајде во одредени продукти.

Ешерихија коли

Епидемијата Ешерихија коли во 2011 година во Европа предизвика голема паника. Тоа беше една од најсмртоносните епидемии на опасната бактерија во поново време, носејќи со себе над 30 човечки жртви, а повеќе од 3.000 биле заболени.

Листериоза

Америка во 2011 година била погодена од уште една афера предизвикана од контаминирана храна. Откако ја минале границата на САД, дињите заразени со листероза однеле 30 животи, а 146 луѓе биле заболени. Опасната бактерија Листериа монокитогенес е слабо патогена бактерија која се размножува на копното. Човекот може да се зарази со истата доколку јаде контаминирана храна, а може да се размножува и на температура од дури четири степени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...