Ова се најконтраверзните изјави на Хуго Чавез

Хуго Чавез, веќе починатиот лидер на Венецуела, предизвикувал многу контраверзии во текот на неговото 14-годишно владеење. Познато е дека немаше “влакна на јазикот“ и дека никогаш не се воздржувал од правото да го каже јавно своето мислење.

Им се потсмеваше дури и на највлијателните лидери, бранејќи ги најчеесто претседателите и лидерите кои другите ги осудуваа.

За полковникот Моамер Гадафи, водачот на Либија:

“Ќе го паметиме Гадафи цел живот како голем борец, револуционер и маченик“. (2011)

За Башар ал Асад, претседателот на Сирија:

“Како можам да не го подржувам Асад? Тој е легитимен лидер на Сирија“. (2012)

За Роберт Мугабе, претседател на Зимбабве:

“Ти си како Боливар, се дигна на оружје за да го ослободиш својот народ. Ти си и ќе бидеш како Боливар, вистински борец за слобода“. (2004)

За Иди Амин, починат претседател на Уганда:

“Голем националист и патриот“. (2009)

За Џорџ Буш, поранешен претседател на САД:

“Кукавица, убиец, сторител на геноцид, алкохоличар, пијаница, лажго, неморална личност, господин Опасност. Најлош помеѓу најлошите на оваа планета“. (2006)

“Ѓавол, олицетворение на ѓаволот. Вчера овде беше ѓаволот. Баш тука. Дури и денеска се’ уште мириса на сулфур“. (2006)

За Кондолиза Рајс, поранешна секретарка на САД:

“Таа е сексуално фрустрирана. Би можел да ја повикам да излеземе на состанок, да видам што би се случило помеѓу нас“. (2005)

За Барак Обама, претседател на САД:

“Ти си измамник Обама. Оди и прашај ги луѓето во Африка кои можеби ти верувале поради твојата боја на кожа, поради тоа што татко ти е од Африка. Ти си потомок на Африканец, но си срам за сите тие луѓе“. (2011)

За Иран:

“Ќе бидеме со Иран во секое време, под било какви услови. Ќе бидеме со Иран засекогаш“. (2006)

За вистинскиот домородски народ:

“Кристофер Колумбо беше закана за најголемата инвазија и геноцид што некогаш е направен во историјата на човештвото“. (2003)

За богатството:

“Да се биде богат е лошо, тоа е нехумано“. (2005)

За Израел:

“Израелците многу го критикуваат Хитлер, исто како и ние, но тие направија нешто многу слично, уште полошо од тоа што го направија нацистите“.

За листовите од кока:

“Џвакам листови кока секое утро и што ми недостасува?“ (2008)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...