Каде оди Венецуела

Наследникот на Чавез стапува на сцена. Покојниот претседател го избра Николас Мадуро за следен лидер на револуцијата. Најверојатно тој ќе биде кандидат на владејачката партија. Сепак, конечната одлука ќе ја донесат гласачите.

Медиумите и опозицијата три месеци шпекулираа за тоа дали Уго Чавез е се уште жив. Во вторникот навечер, потпретседателот Николас Мадуро ја објави смртта на шефот на државата. Според уставот, Мадуро сега мора да организира нови избори во рок од 30 дена. Политикологот Лесли Венер од хамбуршкиот институт Гига е сигурен дека изборите се пред врата: - Изборите ќе бидат наскоро, за да може владата да го искористи сјајот на Чавез. Колега на Венер, Штефан Ринк од Слободниот универзитет во Берлин потсети дека државите на Латинска Америка имаат републиканско уредување. - Тука се некои од најстарите светски републики. Наспроти сите интриги, за секоја влада важи да стекне демократски легитимитет - вели Ринк.

Страв од нечесни избори

Претседателот на организацијата Политички прогонетите Венецуелци во егзил, Хозе Колина тврди дека режимот воопшто нема легитимитет: - Актуелниот режим, кој го предводи Николас Мадуро, никогаш не положил заклетва. Поради тоа и изборите сами по себе ќе бидат нелегитимни.

Тој поранешен командант на војската на Венецуела, во својата земја е баран како терорист, а организацијата која ја води моментално се наоѓа во Мајами. Колина се плаши дека претстојните избори ќе бидат нечесни. Тој потсетува дека во текот на претходните избори биле проневерувани државни средства и заплашувани и медиумите и гласачите. Тоа го потврдуваат и политичките фондации во Германија. Колина претпоставува дека партијата на Чавез ќе одлучи на изборите во своја корист, дури и без својот досегашен лидер. И Берлинскиот политиколог Ринк верува дека Чавизмот може да функционира и без Чавез. Меѓутоа, за тоа треба нова централна фигура.

Единството е важно и за вечно поделената опозиција. Нивната единствена шанса е заеднички кандидат, слично на стратегијата за изборите кон крајот на 2012 година. И тоа со претпоставка дека владејачката партија ќе се подели по прашањето за наследник на Чавез. Тоа за сега е малку веројатно.

Од возач на автобус до шеф на дипломатија

За да ја избегне борбата за власт во сопствената партија, командантот Чавез неколку недели пред својата смрт соопшти дека негов избор за наследник е Николас Мадуро. Ги замолил своите службеници во случај на негова смрт да го изберат Мадуро за водач на боливарската револуција. Тоа има голема тежина, но како поранешен возач на автобус и синдикалец има вистински профил - посебно откако се докажал како стручен и лојален министер за надворешни работи.

Пречка за Мадуро е неговата сегашна позиција. Тој е привремен претседател, што значи дека е задолжен за спроведување на изборите и како таков не може да биде кандидат. Но и тоа може да се заобиколи, верува експертот Ринк и потсетува: - По прашањето за толкување на уставот Чавез и неговите следбеници биле прилично слободни. Во краен случај, тој може својата функција по куса постапка да ја предаде на еден од неговите пријатели од партијата.

Дојче веле



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...