Канадски свештеник осуден на 11 години затвор поради сексуални кривични дела

Отава, 14 март 2013 (МИА) - Пензиониран римокатолички свештеник во Канада е осуден на 11 години затвор поради сексуални кривични дела извршени врз момчиња.

Џорџ Ансел Смит призна дека е виновен пред покраинскиот Врховен суд во врска со 41 обвинение поврзани со сексуално малтретирање и злоставување.

Пред судот е потврдено дека кривичните дела биле извршени во периодот од 1969 до 1989 година во западниот дел на Њуфаундленд.

Обвинителството барало казна затвор меѓу девет и 13 години. Одбраната, пак, сметала дека е доволна казна од седум до девет години, како и намалување од една година која обвинетиот веќе ја поминал во притвор.

Судијата Вилијам Гудриџ денеска соопшти дека Смит ќе одлежи уште 10 години затвор, земјаќи го предвид времето кое го поминал во притвор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Хасо отворил аптека. Еден ден морал да оди на службен пат, па го замолил Мујо да го замени. Кога се вратил Хасо од пат го прашува Мујо.
- Се снајде ли!
- Ееее, како не бе!
- И...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на книжевните преведувачи
- Светски ден на глувите
1846.- Американскиот стоматолог Вилијам Мортон...
1882.- Роден е германскиот физичар Ханс Вихелм...